Нил Штраус, писател на книга за славните личности, тврди дека Парис Хилтон има расистички предрасуди и дека не ги поднесува афроамериканците, што таа и нејзиниот портпарол го негираат и планираат со авторот на книгата да се пресметаат на суд. Таа одлучно ги негира тврдењата со кои се обвинува за расистички изјави.


Нил Штраус кој ја напишал книгата „Сите те сакаат кога ќе умреш: Патување во славата и лудилото“, вели дека Парис во 1999 година имала негативен став кон афроамериканците. Писателот понатаму во текстот напишал дка богатата наследничка рекла како не може да поднесе црни мажи и дека никогаш не би дозволила такви да ја допираат.