Парис Хилтон доживеа уште еден љубовен неуспех. Нејзиното момче Томас Грос ја остави после само една година врска. Парис згодниот бизнисмен го запозна минатиот мај на филмскиот фестивал во Кан, а дека беше многу вљубена сведочи и тоа што јавно го нарекуваше своја сродна душа. Во едно интервју истакна дека тој е поинаков од сите нејзини поранешни момчиња.
Своевремено изјави дека тој не сакал камерите да ги следат насекаде. Имала многу работа, а кога имала малку слободно време најмногу сакала да му прави вечера и заедно да гледаат филмови. Никогаш не била посреќна. Тој не сакал слава и ја сакал само неа. Во претходните врски чувствувала дека момчињата имаат некои други намери, но со него знаела дека тоа е љубов. Пред да го запознае Томас, Парис беше во кратка врска со менекенот Џош Апшо. Недолго пред тоа две години веше во врска со значително помладиот манекен Риверо Випери. Зад себе има многу пропаднати врски со Бенџи Меден, Фред Дурст, Ник Картер…