Иако добила строги упатства што мора да облече додека ги одработува 200-те часа општокорисна работа, Парис Хилтон градските ѕидови нацртани со графити ги бојадисувала во пропишаната облека , но со високи потпетици без кои не оди никаде. Со оглед на тоа дека нема никакво искуство со вакви работи, облеката и чевлите ги уништила со бојата. Неа и на останатите работници не им е дозволено доцнење, не смее да користи телефон или да направи пауза за кафе.


Богатата наследничка била осудена на општокорисна работа откако се изјаснила за виновна за поседување дрога во Лас Вегас. Била осудена на условна и парична казна, како и двесте часа општокорисна работа. Покрај тоа морала да се запише и на клиника за одвикнување од дроги.