Славната наследничка Парис Хилтон долго не сме ја виделе во јавноста, но сега одлучила да се појави на ревија во Милано, каде ги покажала и бујните гради. Имено, богатата наследничка ги покажала своите нови силикони, но и ново момче, 18-годишниот австралиски модел Џордан Берет.
Парис со години ги полнела страниците на таблоидите, а потоа, за чудо, малку се смирила. Старлетата, која има 33 години, две години била во врска со 23-годишниот Риверо Випери, а раскинале минатата година. Но, не тагувала долго и нова љубов пронашна во прегратките на згодниот австралиец, а се чини дека разликата во годините воопшто не им смета. Парис и Џордан уживале на модната ревија во Италија, а потоа заедно се забавувале до доцна во ноќта.