По раскинувањето со Сај Вејтс, сопственикот на два клуба во Лас Вегас, богаташката Парис Хилтон била видена на состанок со Тод Филипс, режисер на филмот „Мамурлук“. Наследничката на хотелскиот ланец „Хилтон“ со новото момче била видена во клубот “Beacher’s Madhouse”, а во нивно друштво била и сестрата на Парис, Ники.
Според зборовите на присутните, Парис и Тод не биле ниту малку дискретни, па дури и се бакнувале и не го тргале погледот еден од друг. Парис минатиот месец ја прекинала осумнаесетмесечната врска со Сај Вејтс, а по раскинувањето рекла дека останале во добри односи.