Богатата наследничка Парис Хилтон во разговор со њујоршки таксист искажала гадење кон хомосексуалците. Парис ги нарекла одвратни и промискуитетни, а таксистот го снимил разговорот и го проследил до медиумите, а старлетата сега се кае и извинува. Парис Хилтон со месеци била лишена од медиумско внимание, но сега повторно успеала да ги наведе новинарите да пишуваат за неа, и тоа во негативен контекст.

Наследничката подоцна се покајала поради своите зборови, па издала соопштение во кое се наведува дека нема ништо против хомосексуалците и дека всушност тие се многу инспиративни. Изјавила дека имала приватен разговор со еден од своите геј пријатели и дека нејзините зборови никако не биле упатени кон целата геј заедница. Додала дека и е многу жал поради инцидентот.