Пред неколку години Парис Хилтон и Никол Ричи беа најдобри пријателки и се познаваат уште од детството. Се прославија во реалното шоу “The simple life” откако како богати наследнички се откажаа од луксузниот живот и се вработија како нормалните луѓе.


Оттогаш секаде се појавуваа заедно и се забавуваа се додека не се скараа. Но пред неколку дена повторно беа забележани во заедничко друштво. Се појавиле на една забава во Беверли Хилс.Таму биле близнаците Џоел и Бенџи Маден, кои пуштале музика. Бенџи е поранешно момче на Парис, а Џоел е вереник на Никол, со која има две деца. На забавата биле присутни и Миранда Кер, Леонардо ДиКаприо и други познати личности.