Парис Хилтон го прославила Велигден во Плејбој вилата со Хју Хефнер. Заедно барале сокриени чоколадни јајца. Облечена во розе провокативен костум во стилот на Плејбој зајачица, Парис уживала во друштво на сопственикот на најпознатото машко списание.

А како што налагала традицијата, со остатокот на велигденската екипа барала сокриени чоколадни јајца по вилата. По забавата кај Хју Хефнер , отишла на журка во клубот „Лакс“. Тамо се дружела со познатиот рапер Снуп Дог.