Парис Хилтон наводно била љубоморна на врската на својата поранешна пријателка Ким Кардашиан со Кање Вест за која постојано се пишува, додека нејзината врска со диџејот Афроџек никој не ја сваќал сериозно. Нејзин близок пријател рекол дека Парис ќе го остави момчето бидејќи не бил доволно познат.
Откако се сретнале на филмскиот фестивал во Кан, Парис им се пожалила на пријателите дека не може да ја смисли својата поранешна пријателка. Извор открил дека Ким секогаш ќе биде болна точка за Парис, бидејќи таа сметала како Ким без неа не би била толку успешна. За разлика од Парис, Ким не се интересира за животот на поранешната другарка.