Парис Хилтон (28) уште еднаш повторила дека би сакала да основа семејство и конечно да има свои деца. Последен пат за тоа зборувала додека била во врска со Бенџи Мадени (30). Тогаш зборувала дека се смирила и дека повеќе не сака да води празен живот.
Врската со Бенџамин пукна, но наследничката се уште ги чувствува отчукувањата на биолошкиот часовник. Открила и дека сите свои најдобри фустани ги чува за идните ќерки. Парис моментално е во врска со американската ТВ ѕвезда Даг Раинхерд, кој може да се види во реалното шоу ‘The Hills’.