Минатата година имавме можност да ја гледаме Парис Хилтон како неуморно се забавува и лудува на некои од најегзотичните светски дестинации. Нејзините забави вклучуваа и големи количини Дом Перињон, огромни количини кавијар, но и разни опијати со кои Парис подобро се забавуваше. Тоа темпо на живот се одрази и врз нејзиното тело, па уживавме во тенката фигура на богатата наследничка.


Оваа година малку со забавите малку успорила, па веднаш може да се забележи како фрлила некое килце. Новата. Пополната линија ја покажала на модната ревија во Бразил. Гордо прошетала по модната писта и покажала дека сега и таа има женствени гради. И се пополнале и нозете, рацете повеќе не и изгледаат како стапчиња, а и во струкот добила некој сантиметар. Се разбира, таа не е натпросечно дебела, но килограмите веднаш се забележуваат на некој кој бил слаб како неа. Освен што учествувала на ревијата во Бразил, таа снимила и едиторијал за списанието Вог.