Летот на авиокомпанијата Делта, кој требало да превезува патници од Лос Анџелес на островот Мауи, бил одложен, а патниците меѓу кои се нашла и популарната богата наследничка Парис Хилтон со своето момче биле евакуирани. Причина за евакуацијата било оружјето кое екипажот го пронашло во авионот.


Станувало збор за нож со должина од десет сантиметри. Парис времето на аеродромот го искористила да ја извести јавноста за настанот, преку својот Твитер профил, каде напишала „Многу е чудно како ножот се најде во авионот. Едвај чекам да пристигнам на Мауи!“