Парис Хилтон за својот триесетти роденден, добила луксузен Лексус со жолта боја од своето момче Сиј Вејст. Кога го здогледала најновиот модел на спортското чудо во својот двор, Парис не можела да им поверува на своите очи. Восхитено вртела околу автомобилот, бакнувајќи ја својата посилна половина.


Воодушевувањето го снимиле и камерите на новото реално шоу ” The World According to Paris”, кое наскоро би требало да започне да се емитува. Парис во моментот кога го добила автомобилот веќе на големо ја припремала роденденската забава која ја организирала во приватнсота во нејзината вила на Холивуд Хилс. Журката била надвор од очите на јавноста, а се претпоставува дека на неа присуствувале околу 300 нејзини пријатели.