Додека се возела во автомобил по улиците на Индија, богатата наследничка Парис Хилтон на питачите им поделила повеќе од две илјади долари. На една сиромашна жена која питала со мало дете во рацете и подарила сто долари.
Извор близок на Парис открил дека таа многу била потресена до сиромаштијата која ја видела во Индија поради што одлучила на питачите да им ги подари сите пари кои ги имала кај себе. Парис на својот твитер налог по враќањето напишала дека Индија е преубава, но и дека некои делови се многу сиромашни.