Познатата старлета Парис Хилтон веќе некое време е слободна, а одлучила дека повеќе не сака да се забавува со познати личности. Таа признала дека никогаш во животот не била сама, а сега бара поинакво момче. Вели дека моментално ужива во својата слобода и независнот.
Излегувала со ѕвезди, но тоа повеќе не е нејзин избор, бидејќи не може да им верува. Додава дека сака да биде со нормално момче, некој кој има големо срце, кој е верен и паметен и кој може да ја насмее. Вели и дека еден ден сака да основа семејство, но и како мисли дека сеуште не е време да се скраси бидејќи поголем дел од времето патува.