Три гимназии воПариз почнале, за сега само експериментално, да применуваат проект со кој парично ги наградуваат учениците кои не бегаат од часови. Доколку учениците редовно присуствуваат на наставата секој клас би добил по 2000 евра, со зголемување од 1200 евра за секој месец.
На крајот од годината, доколку бидат исполнети сите услови, дисциплинираниот клас би добил и премија од 10 000 евра, која учениците би можеле да ја искористат за научни патувања и други педагошки активности. Според едно истражување, во Франција во 2007/2008 година повеќе од 7 проценти од средношколците бегале од часови.