Таеквондистот Дејан Георгиевски и донесе сребрен медал на Македонија од Олимписките игри во Токио, завршувајќи на втората позиција во апсолутна категорија. Георгевски ја доби заслужената награда олимписки херох од народот, а институциите експрено реагираа и го наградија финансиски за успехот во Токио.

Владата на Македонија на денешната седница реши да му додели парична награда на македонскиот таеквондист од 1,2 милиони денари. На неговиот тренер ќе му биде доделена награда од 600.000 денари. Награда за македонскиот спортист ќе исплати и Агенцијата за млади и Спорт (АМС), која ќе го награди Георгиевски со 600.000 денари.

Георгиевски исто така доби и доживотен месечен надоместок, односно доживотна пензија од 1,3 просечни нето плати.

OhridNews