Меѓу нив, дисциплински казни заработиле и двајца службеници од Охрид и струшко Делогожда.
На В.С. главен инспектор за јавен ред и мир во Сектор за внатрешни работи Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци затоа што дозволил да дојде до застарување на рокот за донесување на решение за парична казна.
На З.Р., помошник – командир на полициско одделение Делогожда, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци затоа што не постапил соглано наредба издадена од претпоставен старешина.