Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 30 вработени изречена им е мерка “парична казна”, на двајца вработени мерка – „запирање на постапката“ на еден вработен мерка  „писмено предупредување” и на еден вработен мерка  “отказ“.

На пет вработени во во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена им е мерка „парична казна“ затоа што не го одржувале чисто и подмачкано формациското оружје.

На дежурен полицаец во ПО Велешта, СВР Охрид изречена му е мерка „парична казна“ затоа што го напуштил работното место, без да извести некого за тоа.

Мерка парична казна му е изречена на полицаец во ПС за БПС-Струга, СВР-Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир, со омаловажување на полициски службеници при преземање на службени дејствија.

Отказ добил полицаец за БПС во ПО за БПС Струга, СВР Охрид затоа што за да не изврши службено дејствие, побарал и примил 2000 денари.

OhridNews