Петнаесетина производители на традиционалниот специјалитет ѓомлезе, ќе земат учество на првата Ѓомлезијада што на 23 мај ќе се одржи во Велестово – охридско.

Ѓомлезето ќе се подготвува на просторот кај реновираниот дом на култура во Велестово, а за најдобрите тројца обезбедени се парични награди во висина од 20 000 денари, информираше Ѓоко Апостолов од организациониот одбор на Ѓомлезијадата

Интерес за Ѓомлезијадата пројавиле повеќе хотелиери, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија,
невладини организации, претставници на соседните општини. Манифестацијата со својот настап ќе ја збогатат неколку фолклорни групи од Охрид.

Целта
на манифестацијата е да се истакнат традиционалните вредности на
Македонија, и можностите за развој  на
алтернативните видови туризам, вели Апостолов.

Пријавувањето за учество на првата Ѓомлезијада се врши во Секторот за туризам и лоокален развој на општината и ќе трае до четврток

Ohridnews