Една црква во американската држава Охајо втора година со ред ќе организира наградно извлекувње вредно 1000 долари, како би привлекла што поголем број верници на велигденската миса. Баптистичката црква од Хамилтон ќе додели две парични награди вредни по 500 долари.
Свештеникот Ренди Мур рекол дека благодарение на наградното извлекување минатата година, бил дуплиран бројот на верниците кои присуствувале на велигденската миса. Оваа година Велигден сите Христијани ќе го обележат на 24 април.