Делегатот на реванш мечот од второто квалификационо коло во Лигата на шампиони, Словакот Ричард Хаврила, во извештајот за мечот Вардар-БАТЕ Борисов напишал дека за време на натпреварот имало употреба на пиротехнички средства.
Делегатот во извештајот забележал и дека пред стадионот се точел алкохол. Дисциплинската комисија на УЕФА откако го разгледала извештајот на Хаврила му ја изрече паричната казна на Вардар.