Властите во Рас Ел Хајма, најсеверниот емират на Обединетите Арапски Емирати, поставиле на јавните плажи табли со предупредување дека оние кои ќе носат несоодветни костуми за капење, жените бикини а мажите боксерки, ќе мораат да платат парична казна.

Медиумите јавиле дека оваа мерка била воведена по бројните жалби на локалните жители, кои не сакале да ги делат плажите со премногу разголените туристи.

Емиратот Рас Ел Хајма се наоѓа околу 100 километри северно од Дубаи.

Во Дубаи, на пример, се бара само примерно облекување, но ретко се слулува некој да биде санкциониран поради носење мини сукњи или бикини.

Обединетите Арапски Емирати е унија на седум полуавтономни емирати во кои владеат различни општествени норми, од крајно конзервативни до умерено либерални.