Казна од 1100 евра во денарска противвредност, протерување и забрана за влез во земјата во траење од 5 години, му е изречена на едно лице по потекло од Косово, за истакнувањето на знаме на Република Албанија на Самуиловите тврдини. Мерката по итна постапка по поднесок на СВР Охрид, ја донел дежурен судија од Основниот суд во Охрид.

Како што веќе информиравме, група посетители, која се претставила како фолклорно друштво, вчера на Самуиловата тврдина истакнала знаме на Република Албанија. По реакција на други посетители и локални жители и интервенција на полицијата знамето било oтстрането.

Инцидентот предизвика жестоки реакции и ги вознемири граѓаните на Охрид.

OhridNews