За инцидентот на полувремето од дуелот меѓу Металург и Вардар во Супер лигата екипата од Автокоманда е санкционирана со 150 000 денари и еден натпревар ќе одигра без публика.

Навивач на Металург се обиде физички да го нападне ракометарот на Вардар, Страхиња Милиќ. Благодарание на брзата интервенција на сите присутни беше избегнат поголем инцидент.

Дисциплинската комисија при РФМ со ваквите казни става до знаење дека нема да толерира испади на навивачите ширум терените низ државата.

Ohridnews