Вработените во Локалната самоуправа, традиционално, денес во големата општинска сала, на заеднички појадок ги бараа василичарските парички. Паричките годинава паднаа кајТихомир Дурнев, Весна Митреска, Томе Џамтоски и Симон Илиески.
Секоја година на Василица во локалната самоуправа појадокот го организираат оние кај кои паричката се паднала минатата година. Во 2018 среќа да ја најдат паричката имаа Гоце Симоноски, Царе Наумоска и Габриела Милошоска.
По стариот традиционален обичај, за Стара Нова година се врти василичарската пита во која се бара паричето. Според верувањата на оној на кој ќе му падне паричката, новата година ќе му биде среќна и бериќетна. Овој обред најчесто се врши во кругот на семејството, а во поселедно време се почесто тоа се прави и во кругот на пријатели или на работа.
OhridNews