Управата за финансиска полиција соопшти дека го отпечатила едниот од двата сефа кои беа запленети при неодамнешната контрола на фирмите сместени во објект на улицата „Перо Наков“ б.б. во Скопје, во кој се наоѓа и А1 телевизија. Во него биле пронајдени парични средства во износ од околу 50.000 евра, како и платни списоци со имиња на новинари на кои им биле исплатувани пари во готово.

Од Финансиската полиција информираат дека отворањето на сефот било извршено во присуство на истражен судија и претставници на фирмите во кои беше извршена контролата. Направен бил записник по што пронајдените документи и пари биле вратени во сефот, кој повторно е запечатен.

Управата за финансиска полиција најави дека деновиве низ иста процедура ќе биде отпечатен и вториот сеф запленет во акцијата.
OhridNews