Платежните картички нема кој ги нема од граѓаните во земјава, но сѐ уште готовината сите ги прави посреќни. Иако вредноста на плаќањата со картички постојано расте, сепак не може да го достигне кешот.

Вредноста на готовината повелечена од банкомат сѐ уште е далеку поголема, што значи дека граѓаните претпочитаат пари во џеб за сигурно, а картичката е за секој случај.

Порталот „Пари“ ги анализираше податоците на НБРМ, според кои, минатата година граѓаните на возраст од 35 до 44 години од банкомат повлекле 38,3 милијарди денари, а со картичка во продавница потрошиле 28,1 милијарда денари. Следните се тие на возраст од 45 до 54 години, кои во готовина повлекле 34,7 милијарди денари, а со картичка платиле 23,3 милијарди денари. Во Македонија, на картичките најмалку им веруваат луѓето на возраст од 55 до 64 години, кои во 2023 година од банкомат извадиле скоро 30 милијарди денари, а на картичка потрошиле двојно помалку, односно 16,5 милијарди денари.

Ако е за утеха, младите на возраст од 25 до 34 години имаат најголема „рамнотежа“ помеѓу кешот и картичките, затоа што минатата година од банкомат повлекле 29 милијарди денари, а со картичка потрошиле 20,2 милијарди денари.

Целата анализа е достапна на линкот.

OhridNews

извор. Пари.мк