Сетилото за мирис може да разликува 10 илјади различни мириси, а од сите искуства кои ги имаме со партнерот, најдобро ќе го запомниме неговиот мирис. Практично тој може да ни остане за цел живот. Дури 81 процент од жените чуствуваат дека ретките состојки од омилените парфеми го надополнуваат нивниот сексипил и ги прават уште попривлечни. Од друга страна тоа е потполно во ред, бидејќи 84 проценти од мажите признале дека добро избраниот женски парфем многу повеќе ќе ги возбуди отколку долната облека, косата или фустанот.
Дизајнерот и мајстор за мириси, Жан Пол Готје љубовта кон пафемите ја објаснил на следниов начин :„Бидејќи сите копчиња се откопчуваат и целата облека се соблекува, љубовниците остануваат облечени само во парфемот. Кој дизајнер може тоа да го објасни?“. Коко Шанел, пак, заводнички советувала дека секогаш кога очекува да добие бакнеж, жената треба да носи парфем.