Женскиот парфем ‘Someday’ на Џастин Бибер, кој бил пуштен во продажба минатиот месец, досега заработил повеќе од два милиони евра. Успешната продажба на неговиот парфем многумина ја споредуваат со оние кои ги имале парфемите ‘Glow’ и ‘Curious’ на Бртини Спирс и Џенифер Лопез.
Менаџерката на NPD корпорацијата изјавила дека не забележале ништо слично уште од времето кога своите парфеми ги издале Џенифер Лопез и Бритни Спирс. Доколку продолжел со исто темпо, парфемот ќе станле најпродаван за 2011 година. Освен успешната продажба на својот втор парфем на пазарот, малолетниот пејач неодамна собрал 11 милиони обожаватели на својот твитер профил.