Казахтанските научници тврдат дека можат да го излечат смртоносниот ХИВ вирус со вбризгување на парфем во телата на пациентите. Беин Карзаубаева, еден од научниците, рекла дека парфемот мора да биде скапоцен.


Лекарите кои се борат против сидата го осудиле овој необичен третман. Козахмед Махиров, кој се наоѓа на чело на центарот за борба против сидата изјавил дека парфемот во крвта може да им наштети не само на оболените, туку и на здравите луѓе.