Женствените и сензуални мирисни ноти опуштаат,будат емоции и страсти, бидејќи парфемите го потикнуваат либидото еднакво како и допирите и бакнежите.
Мирисот ги стимулира центрите во мозокот кои се главни и одговорни за создавање на љубовната желба, покажало едно американско истражување. Дури 55%од испитаниците изјавиле дека клучна улога во изборот на партнерката имал нејзинот парфем. Од сите сетила, мирисите најдолго остануваат врежани во сеќавањето и најлесно се паметат.
Парфемот се однесува како да е жив затоа што неговиот мирис се развива според РН вредноста на кожата. Според тоа , вашиот омилен парфем ќе се менува со оглед на хормоналната состојба, деновите во месецот, болестите, емоциите или топлината на телото. На местата каде крвните жили се најблиску до кожата, кожата најлесно се загрева, па затоа парфемот се нанесува на точките на пулсот. Притоа алкохолот од парфемот побрзо испарува, па парфемот повеќе се чувствува. Најдобро е да се нанесе на вратот, деколтето, внатрешната страна на лактите и под колената.
Мирисите лесно се паметат и препознаваат. Дури 69% од испитаниците во студијата изјавиле дека им се јавиле силни чувства кон бившата љубов кога при повторната средба го почувствувале стариот, добро познат парфем. Мажите најмногу ги привлекуваат препознатливи, слатки ноти, како на пример бадем, ванила, или нежни цветни ноти. Ги потсетуваат на детството, домашните колачи и времето кога се чувствувале сакани и сигурни.
Јасминка Т. Момироска