Компанијата „Fargginay“ произвела единствен парфем со мирис на сланина. Необичниот рецепт за уште по необичниот парфем потекнува од 20 век, кога парискиот месар Џон Фаргинеј помешал 11 есенцијални масла, додал малку солена сланина и го добил мирисот Бакон.


Со добиениот мирис се служел за да го поправи расположението на нерасположените купувачи. Рецептот се изгубил во пожар во 1924 година, но моменталниот сопственик Џон Лејдан успеал повторно да го произведе изгубениот мирис. Парфемот може да се купи на интернет, а цената на едно шишенце изнесува околу 30 евра. Може да се купи во верзија Класик, со додаток на мирис од јавор, и во верзија Голд со додаток на цитрон.