Парфем со арома на пари може да се купи во варијанти „за неа“ и „за него“, спакован е во кутија исполнета со искинати банкноти, а едно шишенце чини 35 долари. Мирисот го осмислил Патрик Мекарти, потпреседателот на продажбата во „Мајкрософт“. Тој дошол на оваа идеја откако ги прочитал резултатите на една јапонска студија која покажала пораст на продуктивноста кај работниците кај кои по пат на вентилација допирал мирисот на парите.


Во женската варијанта на мирисот, Патрик Мекарти ја помешал аромата на парите со ароми на грејпфрут, хавајски цвет и лубеница, додека кај машката варијанта мирисот на парите го споил свежината на океанот, ноти на цитрус, рузмарин, како и трева и племенито дрво. Производител на парфемот е Лари Марисон од компанијата “Liquid Money”, експерт кој ја креирал мирисната нота и за парфемот на Мајкл Џордан.