Холандското дуо Ленерт и Сандер осмислиле единствен парфем кој се вика „Everything“, веројатно затоа што е направен од 1400 парфеми направени во текот на минатата година. Секоја година се појавуваат илјадници нови мириси кои се продаваат во вид на парфеми. Инспирирани од оваа индустрија која е во подем, холандските уметници Ленерт и Сандер зеле примероци од 1400 парфеми кои биле произведени минатата година во сад од 1,5 литри.
Новиот микс парфеми го нарекле „Everything“. Рекле дека парфемот мириса како просечна парфимерија. Некој нивни пријател мислел дека мириса како „ Chanel #5“. Тие не мислеле така, но им се допаднала идејата миксот од сите парфеми направени во 2012 година да потсетува на тој познат парфем.