Oткако влегоа на светскиот пазар, парфемите на Марк Џејкобс покажаа неверојатна моќ на наговарање на купување и пред да ја истражите мирисната содржина на самото шише. Причината за тоа се исклучително шармантите амбалажи на парфемите, кои во многу кратко време се најдоа како моден додаток во козметичката торба на секоја девојка.
Новитетот од мирисната понуда на Марк Џејкобс, за кој не се сомневаме дека ќе го обожаваат сите вистински трендсетерки, е парфемот ‘Daisy Dream’, тринаесетти по ред член на богатото Дејзи семејство, кое на пазарот дебитираше во 2007 година. ‘Daisy Dream’на сцена доаѓа овој јули, кога ќе бидат откриени кампањите на Софија Копола и Јуергена Телер за овој парфем со младешки дух, кој евоцира ведрина, слобода и свежина.
извор:fashion.hr