– Локалната самоуправа во овој проект препознава ново доживување на поезијата и актерството и во целост финансиски и организационо ќе го поддржи, истакна раководителот на секторот за јавни дејности, Митре Велјаноски, изразувајќи уверување дека овој културен настан ќе прерасне во традиција.
Актерот – креатор на проектот Љупчо Тодоровски Упа, од своја страна истакна дека сака на Охрид и пред се на охриѓани да им подари вистински трајни вредности како – убава песна и приказна, убава реч, танец и пеење, морал и чесност, наши стари македонски вредности.
“Парче душа пред Канео“ ќе се одржува секој петок и сабота, а првиот од десетте рецитали ќе се оддржи на 16 јули пред црквата Св. Јован Канео со почеток во 23 часот.