Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите единици ја презеле контролата врз градот Ростов на Дон, додека претседателот на Русија се подготвува за вонредно обраќање до јавноста.

Војската шета низ Ростов, а патролираат оклопни возила.

Пригожин кажа дека силите на „Вагнер“ ќе продолжат да го блокираат градот и ќе се движат кон Москва, освен доколку началниците на одбраната Сергеј Шојгу и Валери Герасимов не дојдат да го пречекаат.

Да потсетиме дека војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Пригожин тргнаа кон Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.

Пригожин вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство и го најави „маршот на правдата“ на неговите војници.

Москва реагираше со покренување истрага против шефот на групата „Вагнер“, кој беше обвинет за предизвикување граѓанска војна.

Дали е ова обид за државен удар во Русија?

Во својата најнова анализа за руската инвазија на Украина, Институтот за проучување на војната (ISW) проценува дека очигледниот вооружен бунт на Евгениј Пригожин против раководството на руското Министерство за одбрана „веројатно ќе пропадне“ и дека тој можеби направил „ сосема погрешна проценка“.

Путин: Одговорот ќе биде жесток

Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани, рече рускиот претседателот Путин на почетокот на своето обраќање, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата. „Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.

OhridNews
Фото: Илустрација „Freepik“