Еден американец од Калифорнија, кој дваесет години бил парализиран, неодамна проодел по каснување од пајак.
Примен во болница поради каснување од пајак, Дејвид Бленкарт, на општо запрепастување од неа излегол на своите нозе. Осуден како параплегичар да остане закован за инвалидската количка до крајот на животот, Бленкарт по тоа каснување сосема неочекувано повторно почнал да ги чувствува нозете и можел да се движи.
Неговите доктори зборуваат за “чудо“, а целиот настан ја повратил надежта кај многу параплегичари и други луѓе со слични хендикепи. Бленкарт вели дека му е сон својата ќерка да ја одведе на венчавката до олтарот и со неа да го одигра првиот танц.
Меѓутоа, судбината уште еднаш се поиграла со него. На остварувањето на својот најголем сон ќе мора да причека, бидејќи овие денови е уапсен поради семејно насилство.