Македонските параолимпијци во стрелаштво во Охрид ги започнаа завршните подготовки за учество на Параолимписките игри во Рио 2016.
Стрелците, Оливера Наковска-Бикова (златен медал од Лондон 2012) и Ванчо Каранфилов (сребрен медал од Атина 2004), заедно со нивниот тренер Бранимир Јовановски (златен медал од Барцелона 1992) и шефот на мисијата Драган Дојчиноски, ќе се подготвуваат на стрелиштето Бејбунар од 11-21.08.2016 година во три стрелачки дисциплини.
Голема помош и логистика во подготовките имаат од СК „Охрид“ и ОСС „Охрид“ и тренерот Валентина Гоџоска. Стрелците тренираат два пати дневно во вкупно времетраење од 6-8 сати.
На пат за Рио заминуваат на 30.08.2016, а игрите ќе бидат отворени на 07.09.2016 година на популарната „Маракана“ со пригодна манифестација и дефиле на 168 земји учеснички на игрите и преку 4.200 спортисти.
OhridNews