Жешкиот сончев ден не ги спречил, стотината, инаку ноќни зомби да парадираат по прометните улици на Ванкувер. Група луѓе прекриени со лажна крв и утроба се собрале во градската галерија на уметност и заедно тргнале кон центарот. Дел како уметнички проект, а дел како бесмислена забава. „Шетање на зомби“ се одржува веќе неколку години. Учесниците се однесуваат како зомби и комуницираат на таков начин. Слични манифестации се приредуваат и во Едмонт, Калгари и Торонто – Канада.
„Беше супер! Се придужив на парадата бидејќи Ванкувер е многу досаден град. Ова е ретка прилика да се забавуваме и глупираме“ – рекла Елен Саборан, една од зомбите.
После парадата имало неколку организирани забави кои завршиле на популарната плажа.