Повеќе од 500 русокоси девојки ќе се прошетаат низ улиците на Рига, на парада организирана за подигнување на моралот на Летонците чија земја е во длабока економска криза. Луѓето се депримирани и не чувствуваат доволно позитивни емоции.


Парадата е нешто многу позитивно и симпатично, а знаеме и дека русокосите умеат подобро да се забавуваат. Оваа парада ќе биде организирана во рамките на манифестацијата Седмица на русокосите која за прв пат се одржува во Летонија. На нејзината програма има уште и турнир во голф, модна ревија, бал и конкурс за цртежи.