Австралијанката Хана Вокер возела со својот автомобил позади едно полициско возило, кога на семафорите здогледала пар кој се секса во него. Тие започнале да се бакнуваат, а предиграта на следните семафори преминала во секс. Жената лежела на подот а мажот бил над неа.
Според нивните движења било јасно што прават и покрај тоа што имале алишта на себе. Полицискиот наредник Даниел Шин изјавил дека не знае за никаков секс во полициските возила. Полицајците потврдиле дека привеле еден пијан пар и го возеле до станицата.