Британскиот пар Џек(83) и Џин Аткинсон(83) од Хадерсфилд, кои се во брак 64 години, биле во еден клуб во Ротердам повеќе од 700 пати. Сега добиле доживотни членски карти и влезници. Патуваат три пати во седмицата по сто километри само за добро да се журкаат. Велат дека се млади во душите и дека годините не претставуваат ништо друго освен броеви.


Уживаат во музиката и танцувањето. Велат дека атмосферата во клубот е одлична. Во клубот ги познаваат речиси сите, а повеќето им велат дека сакаат и нивните родители да се како Џек и Џин. Се венчале после само 15-дневно познанство во Единбург.