Ла Луз(28) и Фабиен Клауданиел(30) од САД одлучиле првпат да се бакнат на денот на венчавката. Цело време се чувале за тоа. Кога свештеникот му рекол на Фабиен дека може да ја бакне невестата,тоа им било првиот бакнеж на уста. Дотогаш само еднаш се бакнале и тоа само на образ во текот на пробната вечер од венчавката. Двајцата предаваат на деца во основните училишта во Чикаго за апстиненцијата.

-Не знам колку траеше бакнежот и како го изведов тоа, но мислам дека беше совршено. Не можев да дочекам – вели Фабиен.

На почетокот од врската воспоставиле правило да нема бакнување. Во текот на излегувањето внимавале никогаш да не останат сами, а дома гледале филмови на одредена оддалеченост и секогаш во седечка положба.

-Не беше баш лесно и тоа беше навистина вистински тест за нас. Уште повеќе се зближивме и сега сме сродни души-вели 30-годишниот Фабиен.