Зоолошката градина во Дуисбург – Германија ненадејно дојде до насловните страници на светските медиуми. На голема радост на посетителите и управата, женката горила родила младенче кое веднаш добило статус на вистинска суперѕвезда.
Горилата во зоолошката градина ретко добиваат младенчиња, а воодушевувањето во Дуисбург е разбирливо кога се знае дека на приновата се чекало долги седум десетлетија.
Работниците во зоолошката градина се надеваат дека “бејби бумот“ може да продолжи. А до тогаш најмладиот жител на зоолошката ќе остане главна ѕвезда и ќе ужива во вниманието на своите родители.