Папата Франциск денеска повика на велигденско примирје во Украина, што ќе доведе до преговори и конечен мир.
- Положете го оружјето, истакна поглаварот на Римокатоличката црква на крајот од литургијата што ја одржа пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“.
- Нека започне велигденското примирје. Но, не за повторно вооружување и продолжување на борбите, туку за започнување на примирје и постигнување мир во вистински преговори, нагласи папата Франциск.
OhridNews