Ватиканскиот Светски ден на комуникацијата оваа година е посветен на ширењето на евангелијата со помош на новата технологија. Секретарот на ватиканскиот социјален департмент изјавил дека многу од младите луѓе не ги следат традиционалните медиуми, и ова е нивни обид да бидат присутни и во новата култура.


Корисниците можат да одберат повеќе од десет виртуелни разгледници со слики од Папата и пораки од верата, љубовта и животот воопшто, специјално наменети за младите. Католичката црква која доживува смалување на бројот на верници од поодамна е присутна на Интернет.