Од истиот балкон од каде за првпат се појави пред верниците откако беше избран за поглавар на Римокатоличката црква овој месец, папата ќе упати благослов Urbi et Orbi за Рим и за светот.
Папата синоќа во базиликата Свети Петар се обрати до верниците и католиците кои се оддалечиле од верата, апелирајќи до нив „да се приближат до Бога“.
– Тој ќе ве пречека со раширени раце, изјави 76-годишниот папа, поранешен надбискуп на Буенос Аирес кој ја повика Римокатоличката црква да се приближи до обичните и сиромашни луѓе.
– Не ги затворајте срцата. Немојте да губите доверба и да се предавате – нема ситуација која Бог не може да ја промени, порача папата до верниците на мисата.
МИА