Папата Франциск го осуди насилството и предрасудите кон жените, нагласувајќи дека еднаквите плати и можности ќе создадат помирен свет.

Во предговорот на книгата објавена од веб-страницата Vatican News на Меѓународниот ден на жената, папата ги нагласи разликите меѓу мажите и жените, но исто така повика на „еднаквост во таа различност“ на поле кое е „отворено за сите играчи“.

Сакам да верувам дека доколку жените имаат еднакви можности, би можеле значително да придонесат за неопходните промени кои ќе донесат светски мир, инклузивност, солидарност и интегрална одржливост, наведе папата Франциск.

Тој, исто така, на крајот од своето неделно обраќање на плоштадот Свети Петар побара од насобраните да им аплаудираат на сите жени, „бидејќи тоа го заслужиле“.

На Меѓународниот ден на жената, им благодарам на сите жени за нивната посветеност да изградат похумано општество преку нивната способност да се справат со реалноста со креативен поглед и нежно срце. Ова е привилегија што ја имаат само жените! Посебен благослов за сите жени на плоштадот, нагласи папата во денешното обраќање.

OhridNews